Тринаесетгодишник од Куманово ќе биде сместен во згрижувачко семејство откако неговиот татко го исфрлил од домот.
– На 12.04.2026 во 16:00 часот во СВР Куманово, вработена во Центарот за социјални работи Куманово пријави дека 13- годишник од Куманово бил психички малтретиран од неговиот татко и бил избркан од неговиот дом, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Малолетникот, како што додаваат од полицијата, ќе биде сместен во згрижувачко семејство, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски

