Се запали возило во Куманово, неколку лица завршиле во Ургентниот центар

Сподели со своите пријатели

Неколку лица завршиле во Ургентниот центар во Куманово, откако вдишале чад од пожар кој избувнал во паркирано возило.

– На 12.04.2026 во 23:25 часот во СВР Куманово е пријавено дека на улицата „Тоде Мендол” во Куманово  настанал пожар во паркирано возило „смарт брабус” со швајцарски регистарски ознаки, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, неколку лица кои вдишале дим биле пренесени во Ургентен центар-Куманово за укажување на лекарска помош.

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Куманово.

Увид извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ нови цени на горивата