Советот на Општина Куманово утре ќе ја одржи својата осма седница на чиј дневен ред ќе се најдат само две точки, меѓу кои и советничките прашања.
Првата точка од дневниот ред ќе биде Предлог – Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Куманово за 2026 година.
Втората точка ќе бидат советничките прашања, односно сите советници и од власта и од опозицијата ќе имаат право да постават прашања на градоначалникот Максим Димитриевски и општинските служби.
Седницата започнува од 10 часот во кружната сала на поранешен Комитет.
Никола Ивановски

