Неколку локации во Куманово денеска привремено ќе останат без напојување со електрична енергија.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 08:30 до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицацта „Србо Томовиќ“.
Во период од 08:30 до 14:00 часот прекини ќе има и на улицата „11 Ноември“ пред мостот за населбата Бедиње.
Во истиот период без напојување со електрична енергија ќе бидат и жителите од улицата „Милан Лисица“.
Во Општина Старо Нагоричане, во период од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе биде дел од селото Алгуња, односно маалото Татариновац.
Утре во период од 09:00 до 11:00 часот прекини ќе има во селото Винце.
Никола Ивановски

