Општина Куманово продолжува со уредување на улиците (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во Куманово продолжуваат активностите за подобрување на локалната патна инфраструктура, со неколку завршени и тековни градежни зафати на повеќе локации во градот.

 

 

Градоначалникот Максим Димитриевски информира дека е завршено асфалтирањето на дел од улицата „Веселин Вујовски“, со што се подобрува пристапот и условите за движење на жителите во овој дел од градот.

 

 

Паралелно со тоа, општината реализираше и партерно уредување на два крака од улицата „Руѓер Бошковиќ“ во населбата Перо Чичо.

 

 

Заврши и асфалтирањето на улицата „600“ во близина на Кумановска бања, каде се поставени и тротоари за пешаците. Проектот дополнително ја  унапредува патната мрежа во овој дел од градот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ксенија од Куманово докажува дека и девојчињата можат да владеат во рингот

 

 

Од Општина Куманово посочуваат дека со ваквите инфраструктурни зафати се работи на подобрување на условите за живот на граѓаните и модернизација на локалната инфраструктура.

Никола Ивановски