САД уништиле или оштетиле повеќе од 50 ирански воени бродови

Сподели со своите пријатели

Американската централна команда (CENTCOM) денес објави дека од почетокот на воената операција против Иран, САД оштетиле или уништиле повеќе од 50 ирански воени бродови.

Како што командата наведе во објава на социјалната мрежа X, нападите се извршени врз објекти поврзани со иранскиот безбедносен систем, а приоритет им се дава на цели што претставуваат непосредна закана.

CENTCOM соопшти дека погодените објекти вклучуваат командни центри, згради на седиштето на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (IRGC), разузнавачки објекти, системи за воздушна одбрана, локации за балистички ракети, објекти за производство на ракети и беспилотни летала и воена комуникациска инфраструктура.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  26-годишник е седмата американска жртва во војната со Иран

Во операцијата учествуваат стратешки бомбардери B-1, B-2 и B-52, ловци F-15, F-16, F-18, F-22 и F-35, беспилотни летала и други возила за извидување и поддршка.

Како што е наведено, погодени се вкупно повеќе од 5.000 цели, вклучувајќи командни и контролни центри, штабови и разузнавачки центри на Иранската револуционерна гарда, како и објекти за производство на балистички ракети и беспилотни летала, пренесува Танјуг.