Земјотрес ја погоди Италија, почувствуван ширум Европа

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Италија преку ноќ, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот бил на отворено море, на длабочина од 375 километри и на оддалеченост од 43 километри од Неапол.

Според извештаите на очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, земјотресот бил почувствуван во неколку европски земји.

Очевидци велат дека земјотресот бил почувствуван во Задар, Малта, Тетово, јужниот дел на Србија, Лугано во Швајцарија, па дури и во Словачка.

Засега нема извештаи за повредени или материјална штета, објавува „Кориере дела Сера“.

Не е издадено предупредување за цунами.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто дизелот поскапува побрзо од бензинот?