Силен земјотрес ја погоди Турција (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со магнитуда од 5,1 степени ја погоди денес Турција, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од седум километри и на растојание од 32 километри од градот Меркезефенди, на западот од земјата.

Според исказите на очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, потресот бил почувствуван исклучително силно и траел долго време.

Турските медиуми објавија дека по земјотресот следел послаб, со магнитуда од 3,4 степени.

Турскиот министер за животна средина, урбанизација и климатски промени, Мурат Курум, објави на социјалните мрежи дека, иако нема извештаи за негативни последици, тимовите од покраинската дирекција ќе почнат да ја проценуваат штетата врз основа на сите потенцијални извештаи, според Хуриет.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Голем пожар во Глазгов: Се урна историска зграда