Иран тврди дека спречил обид за „прекугранични напади од страна на сепаратисти“

Сподели со своите пријатели

Министерството за разузнавање на Иран денес објави дека го спречило обидот за прекугранични напади од страна на сепаратистите, односно дека ги таргетирало позициите на „сепаратистичките групи“ кои се обиделе да влезат преку западните граници и дека овие групи претрпеле големи загуби.

Исто така, се наведува дека базите и складиштата за муниција на сепаратистичките групи се уништени, објавува иранската агенција Мер.

Се додава дека оперативците на Министерството, заедно со силите на ИРГК и курдскиот народ, го следат движењето во пограничните области на земјата и ќе спречат каков било американско-израелски план за напад на иранска територија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шпанија ја негираше Белата куќа: Не прифативме воена соработка