Макрон: Франција не била однапред информирана за нападите врз Иран

Сподели со своите пријатели

„Наш апсолутен приоритет е безбедноста на нашите граѓани и нашиот имот“, рече Макрон на почетокот на состанокот на францускиот Совет за одбрана и национална безбедност во Париз, на кој се разговараше за ситуацијата во Иран и на Блискиот Исток, пренесува Ројтерс.

Макрон нагласи дека „дипломатијата мора да ја врати контролата“.

Соединетите Американски Држави и Израел започнаа „превентивен напад“ врз Иран, со цел да ги елиминираат заканите за Израел, во кој од утринава се мета на цели во неколку градови, додека Иран одговори со истрелување проектили кон Израел, како и со гаѓање на неколку цели во регионот на Блискиот Исток, вклучувајќи ги Кувајт и Обединетите Арапски Емирати.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сајбер напади врз иранските медиуми додека траат израелско-американските напади