Техеран се подготвува да возврати откако Израел денеска изврши напад врз Иран, а одговорот ќе биде „погубен“, изјави ирански претставник за Ројтерс.
Три експлозии се слушнале во централен Иран, објави новинската агенција Фарс.
Експлозии се слушнаа и во северниот и источниот дел на Техеран, како и во Исфахан, Карај и Керманшах.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац претходно изјави дека Израел извршил превентивен напад против Иран за да ги елиминира заканите за безбедноста на земјата и дека во целата земја е прогласена вонредна состојба.
„Државата Израел започна превентивен напад против Иран со цел да ги елиминира заканите за државата Израел. Сегашната вонредна состојба е прогласена низ целата земја“, рече тој, објави „Тајмс оф Израел“.
Според израелски безбедносен извор, нападот што е во тек е заедничка операција на САД и Израел и бил планиран неколку месеци однапред, изјави за Ројтерс неименуван израелски функционер.
Тој рече дека датумот на нападот бил одреден пред неколку недели.

