Дел од горивата од полноќ со нови цени

Сподели со своите пријатели

Од полноќ поскапува цената на дизелот, додека цените на бензините остануваат непроменети, одлучи денеска Регулаторната комисија.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 денари по литар и ќе изнесува 71,00 ден/лит. Исто толкаво зголемување има и кај Екстра лесното масло за домаќинство, кое ќе се продава по цена од 70,00 ден/лит.

Од друга страна, цените на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 остануваат непроменети.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Осмомартовски саем ќе се организира на плоштадот во Куманово