Унгарскиот премиер Виктор Орбан го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека сè уште не ги обновува испораките на нафта преку нафтоводот „Дружба“, со што ја загрозува енергетската безбедност на Унгарија.
„Испораките на нафта мора веднаш да се обноват! Знаеме дека нафтоводот е оперативен. Знаеме дека испораките на нафта за Унгарија не се обновени поради политичката одлука на претседателот Зеленски“, напиша Орбан на мрежата X.
Тој додаде дека Зеленски „тврди според Брисел дека нафтоводот не може да се рестартира“, пренесува Танјуг.
Унгарскиот премиер изјави дека очекува Украина да ги исполни своите обврски кон Европската Унија и нејзините членки и да ги рестартира испораките.
Поради моменталната ситуација, Орбан изјави дека денес ќе одржи консултации со премиерот на Словачка, Роберт Фиц.

