ЕУ нема да го ратификува трговскиот договор со Америка

Сподели со своите пријатели

Европската унија планира привремено да ја суспендира ратификацијата на трговскиот договор со Соединетите Американски Држави поради неизвесноста околу царините воведени од претседателот Доналд Трамп.

Главните политички групи во Европскиот парламент објавија дека ќе ја суспендираат работата за одобрување на договорот, откако Врховниот суд на Соединетите Американски Држави ја поништи одлуката на Трамп за примена на реципрочни царини низ целиот свет, објавува Блумберг.

По одлуката на судот, Трамп најави воведување глобална царина од 10 проценти, која потоа ја зголеми на 15 проценти, што предизвика неизвесност кај американските трговски партнери и дополнителни економски турбуленции.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Техеран предупреди дека ќе ги смета ограничените напади како „терористичка агресија“

Главниот преговарач на Европската народна партија (ЕПП) за договорот со Соединетите Американски Држави, Жељана Зовко, изјави дека Европската унија нема друга опција освен да ја одложи ратификацијата додека не добие појасни информации за новите царини.

Покрај ЕПП, суспензијата на ратификацијата ќе ја поддржат и социјалистите и демократите, како и либералната група Ринју (Обнови).

Претседателот на трговскиот комитет на ЕУ, Бернд Ланге, свика итен состанок за преиспитување на партнерството меѓу Европската Унија и Соединетите Американски Држави.

Трговскиот договор меѓу Брисел и Вашингтон, постигнат минатото лето, предвидува царини од 15 проценти за поголемиот дел од европскиот извоз во Соединетите Американски Држави, како и дека американската стока ќе влегува во Европската Унија без царини.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Фон дер Лајен и Коста во Киев без ветените подароци

Според договорот, Соединетите Американски Држави одржуваат царини од 50 проценти за увоз на европски челик и алуминиум.

Европскиот парламент првично објави дека ќе го ратификува договорот во март, но сега целиот процес е дополнително одложен, објави Танјуг.