ЖРК Куманово го совлада составот на Пелистер (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово впишаа нова победа, откако на домашен терен вчеравечер го совладаа составот на ЖРК Пелистер од Битола.

 

 

Избраничките на тренерот Алексадар Бојковски од самиот старт направија предност, која на полувреме беше од само два гола разлика или резултат 15:13.

 

 

Сепак кумановки ја одржуваа предноста во текот на целиот натпревар и покрај напорите на гостинскиот состав да направат пресврт.

 

 

На крајот Куманово славеше со 27:24 со што ја зацврсти својата 4. позиција во табелата.

 

 

Најефикасни во составот на Куманово со по пет реализирани погодоци беа Ангела Шехтанска, Мариана Силва Азеведо, Аманда Стеин и Росана Павлова.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово утре гостува кај Чаир во трка за втора плеј-аут победа

 

 

Кај гостите со пет голови најдобра беше Анастасија Тодоровска.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски