Стапува на сила десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

Сподели со своите пријатели

Десетдневното примирје, кое го објави американскиот претседател Доналд Трамп, а за кое се согласија Либан и Израел, стапи во сила денес.

Либанските медиуми објавија дека израелското гранатирање на селата Кијам и Дибин продолжило половина час по прекинот на огнот што започна на полноќ по локално време.

Израелската војска утрово соопшти дека истражува извештаи за гранатирање и артилериски оган во јужен Либан.

Според договорот за прекин на огнот, на Израел му е забрането да спроведува офанзивни воени дејствија во Либан, но како што објавува АП, „самоодбрана од планирани, непосредни или тековни напади“ не е исклучена.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нетанјаху планирал удари врз Иран, Трамп го запрел нападот

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, изрази надеж дека примирјето ќе го отвори патот за преговори за долгорочно решение на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, изјави портпаролот на ОН, Стефан Дужарик.

Гутереш ја пофали улогата на Соединетите Американски Држави во постигнувањето примирје меѓу Израел и Либан.

Израел и Либан во вторник во Вашингтон ги одржаа првите директни дипломатски разговори по децении, по повеќе од еден месец војна меѓу Израел и екстремистичката проиранска група Хезболах со седиште во Либан.