МКК Куманово немаше сили за изненадување против МЗТ (ГАЛЕРИЈА

Сподели со своите пријатели

Вечерва се комплетираше 16. коло од МТЕЛ Суперлигата, а во центар на вниманието, во рок од една неполна недела, беше Куманово. Уште еднаш гостуваше екипата на МЗТ Скопје која по втор пат дојде до убедлив триумф – сега и суперлигашки против МКК Куманово.

 

 

Предноста која ја имаа по првите десет минути од игртаа, гостите од Скопје, со серија (11-2), ја зголемија на високи (31:18), по нецели три минути од втората четвртина. А до крајот на полувремето скопските „сино-бели“ веќе на плус 18 (46:28).

 

 

Иако пробуваа да се вратат комплетно во натпреварот, домашните кошаркари не успеаја да ја најдат таа „добитна комбинација“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој возел со 1,59 промили алкохол

Напротив, бранителот на титулата одигра сконцентрирано во третиот дел, ја сочува високата позитива која ја креираше во претходните два.

 

 

МЗТ Скопје влезе со (62:45), во последниот дел.

Исто беше „растојанието“ (67:50) по пет минути игра во последната четвртина. Домаќинот немаше доволно сили и енергија да направи „враќање“, и во рок од неколку дена, шампионот си заминува од Куманово со песна, сега со двата бода, оние суперлигашките.

 

 

Мек Кејден реализираше 14.поени (четири скока и две асистенции), Петков додаде 13 (и по четири скока и додавања), а в.Стојановски уште 10.поени (и шест скока).

 

 

Во домашната екипа, Луковиќ беше „двоцифрен“, имаше 18.поени и 12.скока), а Ѓуроски втор со двоен број на поени – 10.поени (три асистенции и два скока).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СПЕКТАКЛ НА КУМАНИ: Стотици мечиња го преплавија теренот (ГАЛЕРИЈА)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

фото: Никола Ивановски