Украински напади со беспилотни летала врз руско складиште за нафта во областа Псков во западна Русија предизвикаа експлозии и пожар.
Ова денеска за Ројтерс го изјави претставник на украинската безбедносна служба.
„Уништувањето на магацините за нафта директно влијае на способноста на непријателот да спроведува борбени операции и да напредува. Овие операции се дел од систематското слабеење на рускиот воен потенцијал“, рече тој.

