Мерц: Социјалните мрежи треба да се забранат за деца под 14 години

Сподели со своите пријатели

„Во ситуација кога 14-годишни деца поминуваат пет часа на ден пред екранот на мобилниот телефон и кога целосна социјализација се спроведува преку социјалните мрежи, не треба да бидеме изненадени кога истите овие деца покажуваат заостанување во личниот развој и социјализацијата“, рече германскиот канцелар Фридрих Мерц (Христијанско-демократска унија ЦДУ) во политички подкаст.

Мерц рече дека, иако генерално е против забраните, „сочувствува“ со предлогот на помалиот партнер во коалициската влада, Социјалдемократската партија на Германија (СПД), која во последните денови поднесе барање за строго регулирање на користењето на социјалните мрежи од страна на младите со целосна забрана за лицата под 14 години.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран и Русија спроведуваат заеднички поморски вежби

„Прашањето како да се заштитат децата на возраст кога тие пред сè мора да имаат време да играат, да учат и да се концентрираат на училиште мора да биде во преден план“, рече Мерц.

И неговата партија ЦДУ ќе се занимава со прашањето за забрана и ограничување на социјалните медиуми за деца и млади на редовната партиска конвенција во Штутгарт следниот викенд.

Покраинскиот огранок на CDU за Шлезвиг-Холштајн предлага промена во законот што би овозможила забрана за социјалните медиуми за лица под 14 години и строга контрола на пристапот за лица под 16 години.