МРК Куманово со пораз од ГРК Охрид

Сподели со своите пријатели

Екипата на МРК Куманово доживеа убедлив пораз на домашен терен во рамките на 20. коло од машката ракометна лига, откако ГРК Охрид славеше со високи 14-30.

Охриѓани уште од самиот почеток го наметнаа својот ритам и јасно ставија до знаење дека бодовите се однапред планирани.

Куманово делуваше немоќно, особено во првиот дел од натпреварот, кога домашниот состав успеа да постигне само пет погодоци, наспроти 15 на противникот.

 

МРК Куманово / ТД

 

Практично, првото полувреме го одлучи победникот, а продолжението беше чиста формалност.

Кај МРК Куманово најмногу се истакнаа Цековски и Ончев, кои натпреварот го завршија со по четири гола.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово предупредува да се отстранат хаварисаните возила

Во победничкиот тим најефикасен беше Ѓукиќ со шест погодоци, додека Ќосевски постигна пет.

Никола Ивановски / фото: МРК Куманово – ТД