Кумановец возел иако имал забрана, па остана без возилото

Сподели со своите пријатели

Шеесет и петгодишник од Куманово остана без своето возило, откако полицијата привремено му го одзела бидејќи возел и покрај активна забрана.

– На 09.02.2026 во 09:45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода З.С.(65) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола во сообраќајот на ул.„Трета македонска ударна бригада“, полициски службеници сопреле патничко возило „опел“ , управувано од З.С и по извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото со впишана активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија до 01.07.2027 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово и Управниот суд потпишаа меморандум за дигитално поврзување

По добиени насоки на јавен обвинител, велат од МВР, возилото и возачките документи се одземени

– По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски