Филмски грабеж во Италија: Разбојници дигнаа во воздух возила за транспорт на пари (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

На автопатот во Италија, кој ги поврзува Лече и Бриндизи, утрово се случи драматичен вооружен напад врз возило за транспорт на пари.

Инцидентот се случил во близина на градот Тутурано, а според првичните информации, имало и пукање, пишува Раи њуз.

Истрагата е во тек: Осомничени уапсени, се бараат други

Со брзата акција на полицијата од Лече, уапсени се две лица осомничени дека се членови на бандата.

Тие беа лоцирани во областа на северен Саленто, каде што силите на редот веднаш го насочија пребарувањето.

Истрагата е во полн ек бидејќи се бараат други членови на групата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Опозициски политичар киднапиран во Венецуела откако беше ослободен од затвор

Според последните информации, напаѓачите дигнале во воздух дури две, а не само едно возило за транспорт на пари, како што првично се веруваше, објавува Раи њуз.

Нападнатото возило е на компанијата БТВ Батистоли, а разбојниците, за да го спречат, попречиле друго возило на патот и го запалиле.

Пожарникарите и полицијата веднаш пристигнале на местото на настанот.

Целосен прекин на сообраќајот

По нападот, државниот пат Бриндизи-Лече беше привремено затворен за сите сообраќај во двата правци.

Како што објави компанијата „Анас“, задолжена за одржување на патиштата, прекинот се однесува на делницата од 8,3 до 12,8 километри, во областа Сан Пјетро Вернотика.

Екипите на „Анас“ и полицијата се на терен, го регулираат сообраќајот и работат на враќање на нормалноста што е можно поскоро, се наведува во соопштението за медиумите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дали го оставаат Путин на цедило? Руската нафта го губи својот најголем клиент