Четириесет и петгодишен кумановец пријавил дека бил физички нападнат од едно лице кое му заканило и со остар предмет.
– На 05.02.2026 во 23:45 часот во СВР Куманово, В.Н.(45) од Куманово пријавил дека на улица „Тоде Думба“ во Куманово бил физички нападнат од С.Е.(38), кој му се заканувал и со остар предмет, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски

