40 ученици помалку во второто полугодие во кумановските училишта

Сподели со своите пријатели

Четириесет ученици помалку седнаа во кумановските училишни клупи во второто полугодие.

Како што информираат од Секторот за образование при Општина Куманово, 40 ученици се испишале од основните и средните училишта.

Од основните училиште се испишале 38 ученици, од кои 29 поради преселба во друга општина во рамки на границите на државата и 9 поради преселба во друга држава.

Во средните училишта во првото полугодие се испишале два ученика поради преселба во друга држава, додаваат од Секторот за образование.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец со нож се заканувал на обезбедување во казино