Две лица од Арбанашко натепале мештани на Буковљане

Сподели со своите пријатели

Две лица од селото Арбанашко биле приведени под сомнение дека натепале други две лица од селото Буковљане.

– На 25.12.2025 во 03:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода М.Т.(31) и Х.П.(18), двајцата од село Арбанашко, општина Старо Нагоричане, затоа што во село Арбанашко со остар предмет ги нападнале С.С.(35) И С.С.(28), двајцата од село Буковљане, општина Старо Нагоричане, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Печалбарите од Ирак и Авганистан утре на протест пред УЈП Куманово

Никола Ивановски