Три лица загинаа во експлозија на југот на Москва, соопшти денеска, 24 декември, Рускиот истражен комитет.
Според Истражниот комитет, во експлозијата загинале двајца припадници на сообраќајната полиција, како и едно лице кое било во нивна близина, пренесе РИА Новости.
Истражните органи покренале кривична постапка и работат на утврдување на сите околности на настанот.
Најавено е дека ќе бидат извршени неколку вештачења меѓу кои и вештачење на експлозивна направа.
Дополнителни информации за причините и околностите за експлозијата засега не се соопштени, пренесува РИА Новости.

