Италијанската премиерка доби тужба за поддршка на Израел: Обвинета за соучество во геноцид

Сподели со своите пријатели

Италијанската премиерка Џорџа Мелони синоќа изјави дека е поднесена тужба против неа и уште двајца министри во Меѓународниот кривичен суд (МКС) поради поддршката на Рим за Израел.

– Јас, министерот Кросето (Гвидо, министер за одбрана), министерот Тајани (Антонио, министер за надворешни работи) и верувам дека постои и извршниот директор на „Леонардо“, Роберто Чинголани, станавме предмет на тужба од МКС за соучество во геноцид. Не мислам дека постои друг случај на ваков вид тужба во светот или во историјата – рече Мелони.

„Леонардо“ е италијанска бизнис група од секторот за воздухопловство и одбрана.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ ќе ги удвои царините за увоз на челик

Тужбата, со датум од 1 октомври, е составена од група која се нарекува себеси „Адвокати и застапници за Палестина“ и потпишана од околу педесет лица, вклучувајќи професори по право, адвокати и неколку јавни личности.

– Со поддршка на владата на Израел, особено преку снабдување со смртоносно оружје, италијанската влада стана соучесник во тековниот геноцид и сериозните воени злосторства и злосторства против човештвото извршени врз палестинското население – наведоа авторите на тужбата.

Тие бараат од МКС да разгледа отворање формална истрага за нивната жалба.