Мелони: Нова фаза во украинскиот конфликт започнува по три години војна

Сподели со своите пријатели

Премиерот на Италија, Џорџа Мелони, изјави дека по три години започнува нова фаза во украинскиот конфликт, на кој учествуваше на самит во Белата куќа со лидерите на ЕУ.

Loading...

„Денес, по три години започнува нова фаза, благодарение на Трамп и благодарение на застојот на теренот. Ќе разговараме за гаранции што ќе обезбедат ваква ситуација никогаш да не се повтори“, рече Мелони.

Домаќин на самитот беше претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, а присуствуваше и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, како и европски лидери.

За време на состанокот беа договорени безбедносни гаранции за Украина, заедно со најавата за иден самит меѓу Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин, објави Анса.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп разговараше по телефон со Путин: Почнаа подготовките за средба со Зеленски