Утре во Куманово се играат првите кошаркарски натпревари од Младинска Олимпијада

Сподели со своите пријатели

Кошаркарските натпревари од Младинската Олимпијада утре со почеток во 11:30 ќе се играат во двете спортски сали во Куманово.

Loading...

Машките репрезентации натпреварите ќе ги играат во големата Спортска сала Куманово, додека женските паралелно со исти сатници ќе се играат во салата на СОУ „Перо Наков“.

Како што информираат организаторите првиот натпревар ќе биде во 11:30 часот меѓу екипите на Латвија и Франција во Спортска сала Куманово.

Паралелно во исто време во спортсаката сала на СОУ „Перо Наков“ силите ќе ги одмерат женските репрезентации на Германија и Финска.

Целосниот распоред за машките репрезентации (локација Спортсака сала Куманово)

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пронајдено 17-годишното девојче од Куманово, пријавено за исчезнато

11:30 часот – Латвија : Франција

13:45 часот – Израел : Србија

16:00 часот – Словенија – Литванија

Loading...

18:15 часот – Македонија : Турција

 

Целосниот распоред за женските репрезентации (локација СОУ „Перо Наков“)

11:30 часот – Германија : Финска

13:45 часот – Франција : Словенија

16:00 часот – Македонија – Белгија

18:15 часот – Унгарија : Шпанија

 

Loading...

Влезот за сите заинтересирани кои ќе сакаат да ги проследат натпреварите ќе биде бесплатен.

Никола Ивановски