Две лица натепале таксист од Куманово и не му платиле за услугата

Loading...
Сподели со своите пријатели

Две лица викендов физички нападнале таксист во Куманово кој ги превезувал од Никуљане до центарот на градот.

– На 22.06.2025 во 05.00 часот во СВР Куманово, М.И.(30) од Куманово пријавил дека околу 02.45 часот, откако со такси возило превезол две лица од с.Никуљане, кумановско, до улица „Тоде Думба“ во Куманово, бил физички нападнат од лицата, кои воедно и не му платиле за услугата, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Започна 15. издание на детскиот ликовен камп „АСНОМ“ во Куманово