Дамјановски: Просечната цена за училишен превоз во Куманово е 5 денари (видео)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово Зоран Дамјановски денеска излезе на прес конференција со одговор на вчерашните обвинувања на од страна на пратеникот Зоран Ѓоргиевски од ВМРО-ДПМНЕ за наводни злоупшотреби на тендерите со училишен превоз во Општина Куманово при што истакна дека такви суми никогаш не биле наплатени.

Почитуван господин пратеник жал ми е што сте во ваква состојба. Дали е тоа резултат на вашетои незнаење или непознавање на проблемот или сте приморани да читате од онаа во што и самите не верувате. Изнесовте едни бројки кои не знам од каде потекнуваат, меѓутоа одговорно тврдам дека тоа што го изнесовте е една тотална невистина и лага – вели Дамјановски.

Тој вели дека според целата документација која може да сите да ја добијат од релевантните институции може да се види дека кумановските ученици се возат по просечна цена од 5 денари по километар.

За годината 2015/2016 цената е 5,1 денари, за годината 2014/2015 просечната цена е 4,309 денари, а за годината 2013/2014 цената е 4,7 денари зависно од јавната набавка и тие бројки одат од 4,5 до 5 денари. Значи зборувам за организиран превоз на ученици по број зависно од година – додава градоначалникот.

Цената за дневен билет е 50 денари од ученик, но ВМРО-ДПМНЕ вчера обвини дека не е по закон затоа што се плаќа превоз и за воншколски активности.

Одговорно тврдам дека никогаш во општината не сме добиле фактура за ниеден ден што не е работен и не сме добиле фактура за 26 дена во месец што е случај во општините каде менаџираат претставниците на паритјата на која припаѓа Зоран Ѓоргиевски – рече Зоран Дамјановски.

Инаку тој јавно го повика пратеникот на дебата на која ќе ги разјаснат сите овие детали на било која телевизија, за да не се доведува јавноста во заблуда.