Возач на мотор од Куманово тешко повреден во сообраќајна незгода

Сподели со своите пријатели

Како што информира СВР Куманово, во текот на вчерашниот ден, поточно во 19.25 часот во Куманово, на крстосницата од булевар „Трета Македонска ударна бригада“ и ул. „Видое Смилевски Бато“ се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Фолксваген Пасат“ кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.М. (29) од Куманово и Мопед „Априлиа“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Н.Ј. (1996) од Куманво.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот.

На истиот во Медицински центар Куманово му била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите бил пренесен во Ургентен центар-Скопје. Увид на местото на насатнот извршила увидна екипа на СВР-Куманово.