Три интервенции за последните 24 часа бележат кумановските пожарникари и тоа две на запалени стрништа, а една на запалена сува трева, пишува во билтенот на Регионалниот центар за управување со кризи.
Во период од 19:40 до 20:10 припадниците на Територијалната противпожарна единица Куманово бележат интервенција на запалена сува трева на улицата „Тоде Мендол“ каде учествувале со едно противпожарно возило и четворица пожарникари.
Интервенција бележат и во селото Умин Дол на запалено стрниште во периодот од 9:30 до 11:25 часот кога во гаснењето уечствувале тројца пожарникари со едно противпожарно возило.
На запалено стрниште интервенирале и во населбата Ајдучка Чешма во период од 13:15 до 15:35 часот кога учествувале со две противпожарни возила и четворица пожарникари.
Во моментов нема активни пожарни на територијата на Општина Куманово.

