Отворена изложбата „Самоуки 2025“ во Куманово (ФОТО)

Loading...
Сподели со своите пријатели

Триесет и четвртото издание на традиционалната уметничка изложба „Самоуки 2025“ беше отворено вечерва во изложбениот салон на Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, со поддршка на Министерството за култура и туризам.

 

 

Во рамки на изложбената поставка се претставени 39 дела во форма на слики и цртежи, изработени од 17 автори. Делата ја претставуваат личната визија и талент на авторите пред љубителите на уметноста и визуелниот израз.

 

 

Loading...

Манифестацијата ја отвори градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, со пригодно обраќање во кое го истакна значењето, традицијата и континуитетот на оваа ликовна изложба.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претепале „шверцер“ во Куманово, па му украле 3.000 евра

 

 

Целта на „Самоуки“ е да се претстават кумановските неакадемски уметници пред пошироката јавност, да се поттикне интересот кон визуелните уметности, како и да се овозможи едукација и презентација на ликовното творештво на ентузијасти со значајна уметничка продукција.

 

 

Loading...

Изложбата ќе биде отворена за посетителите до 26 јуни 2025 година.