Нетанјаху е првиот странски лидер со кој Трамп ќе се сретне во Белата куќа

Сподели со своите пријатели

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху треба да се сретне со новиот американски претседател Доналд Трамп во Белата куќа следната недела, соопшти неговиот кабинет во вторникот вечерта.

Loading...

Трамп го покани израелскиот премиер да ја посети на 4 февруари, се вели во соопштението објавено од канцеларијата на Нетанјаху.

Белата куќа потврди дека му е испратена покана за почетокот на следната недела, но не го прецизираа точниот датум, пренесува Хина.

Нетанјаху ќе биде првиот странски лидер што ќе биде примен од Трамп откако ја презеде функцијата минатата недела.

Состанокот на самиот почеток на мандатот на Трамп може да се смета како силен гест на поддршка за Нетанјаху, кој се најде под жестоки меѓународни критики за војната во Газа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 20 Американци се водат како исчезнати во борбите во Украина

Соединетите Американски Држави се најважниот сојузник на Израел и најголемиот снабдувач со оружје.

Додека претходникот на Трамп, Џо Бајден, никогаш не ја повлече својата поддршка за Израел, тој сè повеќе ја критикуваше воената кампања на земјата во Газа, во која загинаа повеќе од 47.000 Палестинци од почетокот на војната. Од друга страна, се знае дека Трамп е многу поблизок со Нетанјаху.

Во првите денови од неговиот втор мандат, тој повторно изрази поддршка за Нетанјаху Покрај укинувањето на санкциите од ерата на Бајден за израелските доселеници на Западниот Брег, Трамп, исто така, предизвика гнев со тоа што предложи да се „исчисти“ и главно уништениот Појас Газа. Палестинците да се преселат во други арапски земји.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Патнички авион и воен хеликоптер се судрија во Вашингтон: Има загинати! (ВИДЕО)