Зошто Македонија има највисока референтна каматна стапка, а со тоа и најскапи кредити?

Сподели со своите пријатели

Македонија има убедливо највисока референтна каматна стапка во Европа, па оттука и најскап пазар на пари.

Loading...

Тоа повлекува и повисоки каматни стапки на кредитите што ги користат граѓаните и компаниите од банките, затоа што и банките позајмуваат пари по повисоки камати.

Но, на банките во прилог им оди и фактот дека вишокот пари можат да го вложуваат на домашниот, но и на меѓународните финансиски пазари исто така по многу атрактивни каматни стапки коишто им носат приноси какви што немало подолго време.

Со тоа се стеснува и просторот за поголемо кредитирање на домаќинствата и на бизнисот бидејќи банките имаат други добри и безризични алтернативи.

Од сите земји во Европа, Народната банка на Македонија е принудена да држи највисока референтна каматна стапка затоа што стапката на инфлација во земјава во моментов исто така е највисока.

Последната измерена инфлација, односно индексот на цени во мај годинава бележи раст од 5,8 насто споредено со истиот месец минатата година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од овој месец здравствените работници добиваат 10% повисока плата

Инфлацијата и во Европската Унија во мај ги изненади економистите затоа што се искачи на 2,6 насто на годишно ниво, а беше 2,4 насто во април.

Најголема инфлација е измерена во Белгија (4,9 насто), Хрватска (4,3 насто) и во Португалија (3,9 насто). Најниска, пак, имаат Финска (0,5 насто), Италија (0,8 насто) и Литванија (0,8 насто).

Loading...

Во регионот, инфлацијата исто така е повисока од таа во ЕУ, со исклучок на Албанија, каде изнесува 2,2 насто. Во Србија изнесува 4,5 насто, а во Црна Гора 4,9 насто.

Како последица на сѐ уште високата инфлација, централните банки се принудени да ги држат референтните каматни стапки на високо ниво за да го собираат вишокот пари и на тој начин да се справуваат со здодевната инфлација, која како тренд започна на крајот од 2022 година и својот бум го имаше во 2023 година.

Најригорозна во оваа политика е Народната банка на Македонија, која ја држи референтната каматна стапка на 6,3 насто, што е највисоко ниво од 2010 година наваму.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Работниците на Амазон во 20 земји ќе протестираат на црниот петок

Европската централна банка има речиси за 2 процентни поени пониска референтна каматна стапка, која изнесува 4,25 насто.

Централната банка на Србија, со 6,25 насто, е на иста линија со НБРМ во борбата со инфлацијата, додека Централната банка на Бугарија е попопустлива со референтна каматна стапка од 3,63 насто, а албанската е уште покомотна поради пониската инфлација и има основна каматна стапка од 3 насто.

Црна Гора и Босна и Херцеговина немаат национална валута, односно го користат еврото, и се држат до референтната каматна стапка на ЕЦБ (4,25 насто).

Анализата на движењето на референтната каматна стапка во Македонија низ годините покажува дека секогаш е на повисоко ниво од таа во земјите членки на ЕУ.

Нивото на референтната каматна стапка во земјава првпат се евидентира во јануари 2009 година, кога изнесува 7 насто, потоа расте до 9 насто во септември истата година, па паѓа на 8,5 насто во јануари 200 година и оттогаш е во континуиран пад сѐ до јули 2022 година, кога почнува нагорната линија.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицкоски: Од неделава стопанството ќе добие средства од унгарскиот заем

Најниска во историјата била во јули 2021 година, кога изнесуваше само 1,25 насто.

Во тој период, во ЕУ беше само 0,05 насто, а од март 2016 до јули 2022 година беше рамна на 0 насто. Од 2002 година наваму Европската Унија не памети повисоки каматни стапки од сегашните.

Главната каматна стапка на ЕЦБ претходно го имала највисокото ниво во јули 2008 година, кога исто така изнесувала 4,25 насто.

 

 

 

Loading...

Централните банки ги користат референтните каматни стапки за одржување на стабилноста на цените.

Ако референтната каматна стапка добро ги одржува стапките по кои банките одобруваат кредити и се задолжуваат, може да се влијае врз нивото на цените.

Таа претставува основна стапка според која се управуваат сите останати каматни стапки и го прикажува трошокот нДФа задолжување на различни финансиски пазари.

Додека постојат инфлаторни притисоци, експертите не очекуваат значително намалување на основните каматни стапки во земјава, но и во ЕУ.

Целата анализа е достапна на следниот линк: https://pari.com.mk/makedonija-so-najvisoka-referentna-kamatna-stapka-vo-evropa/