Ракетни напади на бунтовниците во Пакистан: Има загинати и повредени!

Сподели со своите пријатели

Еден полицаец загина, а најмалку 15 се повредени во ракетни напади на бунтовниците во текот на ноќта во југозападен Пакистан, изјавија за АП претставници на локалната власт.

Loading...

Шест бунтовници беа убиени во престрелката што следеше.

Одговорноста за нападите ја презеде забранетата Ослободителна војска на Белуџистан и потврди дека двајца нејзини борци биле убиени, според американската агенција.

Властите првично соопштија дека нападите во областа Мах во Белучистан биле спречени без последици, но двајца локални безбедносни функционери кои сакале да останат анонимни рекоа дека најмалку еден полицаец е убиен, а 15 членови на пакистанските безбедносни сили биле ранети во повеќе ракетни напади.

Ослободителната војска на Белуџистан се закани дека ќе изврши напади врз безбедносните сили во покраината и на други места, откако во пакистанските напади врз нивните кампови во Иран на 18 јануари загинаа најмалку девет лица.