Четириесет и двегодишен осуденик, кој избегал од кумановскиот затвор, а бил осуден на 13 годишна казна, вчера бил приведен во скопско.
Loading...
– На 21.11.2023 во Скопје од страна на полициски службеници од Тим Потраги, ОКР Центар Бит Пазар и ПС ОН Драчево од слобода е лишен М.Д.(42) од Скопје, кој бил баран со потерница поради бегство од КПУ Затвор Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, тој бил баран за доиздржување на казна затвор од 9 месеци и 26 дена за сторено кривично дело по чл. 123 ст 1 од КЗ на РСМ, а бил осуден на казна затвор од 13 години и 3 месеци.
Никола Ивановски