Скоро половина од жените во Куманово неактивни на пазарот на трудот

Сподели со своите пријатели

Скоро половина од жените во Куманово или нешто околу 46,5% се неактивни на пазарот на трудот, покажа анализата на Институтот за дигитална економија и иновации.

Loading...

Иако долгорочно се забележува тренд на зголемување на стапката на активност на жените од 51.7  проценти во 2017 година  на 54.3 проценти во 2022 година, сепак стапката на женско активно население е значително пониска во однос на машко население кое изнесува 78.4 проценти.

На државно ниво, просекот на неактивно работоспособно женско население (возраст 15-64) во 2022 година изнесувал околу 45%, сепак, на општинско ниво, овие разлики се драстично поголеми.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куманово – единствена општина со бесплатен превоз за сите спортски клубови

Така на пример, во одредени општини женското население во голем процент се изјаснува како неактивно и надминува 85 проценти.

 

 

Оваа категорија вклучува жени кои не учествуваат на пазарот на труд, ниту се ангажираат во било какви облици на платен труд.

Loading...

Податоците од пописот покажуваат дека вкупниот број на  работоспособни жени кои се неактивни на пазарот на труд изнесувал нешто повеќе од 273 илјади работоспособни жени во 2021 година, и претставува значајна социо-економска група за која е потребно дополнителна анализа за нивно вклучување на пазарот на труд.

Просторната анализа по општини покажува дека најголем дел од жените се неактивни во рурални средини, сепак вредно е да се истражат и други белези како на пример: етникумот, религијата, инфраструктурата, економските сектори и слично со што би се добила квалитетна анализа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Одбиено обвинението против Димитриевски за „злоупотреба на службена положба“

Така на пример Куманово е накаде околу просекот кога е во прашање неактивноста на женското население на пазарот на трудот.

Тука некаде е и Општина Старо Нагоричане каде 55,2 отсто од женското население било неактивно.

Некативноста на женското население е нешто поголема во Општина Липково каде дури 78,3 отсто од жение се изјасниле дека не учествуваат на пазарот на трудот.

– Важно е да се разгледаат и можностите за интеграција на оваа група во пазарот на труд, како и пристапот до образование и обука. Исто така, потребно е да се пристапи кон креирање на политики и програми кои ќе ги поддржат жените на оваа возраст со цел да постигнат економска самостојност и воведат позитивни промени во своите животи и средини, стои во анализата на ИДЕИ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дневно и до 16.000 патници го користат бесплатниот јавен превоз во Куманово

Оваа прелиминарна статистичка анализа нуди важни информации за донесување на политички и програмски одлуки со цел подобрување на квалитетот на живот на оваа група на население и зголемување на нивниот социо-економски придонес во општеството.

Никола Ивановски

Loading...