Министерството за одбрана на Тајван во петокот соопшти дека открило 24 авиони на кинеското воено воздухопловство кои влегле во зоната за воздушна одбрана на Тајван во изминатите 24 часа, дел од редовната шема на она што Тајпеј го нарекува кинеско вознемирување.
Најмалку 17 авиони ја преминале централната линија на Тајванскиот теснец, според мапата објавена од Министерството, пренесува Хина.
Централната линија претходно служеше како неофицијална бариера меѓу двете страни се додека кинеските воздухопловни сили не почнаа редовно да ја минуваат минатата година.
Рекорден број на авиони
Војската на Тајван на почетокот на неделата регистрирала 103 авиони на кинеската армија кои се приближиле до островот за еден ден, што е рекорден број на авиони испратени од Пекинг во областа за 24 часа, соопшти Министерството за одбрана на Тајван.
„Од утрото на 17 септември до утрото на 18 септември, Министерството за одбрана ги следеше активностите на вкупно 103 авиони, што е рекордна бројка во последно време и претставува сериозен предизвик за безбедноста во Тајванскиот теснец и во регионот “, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.
Тензиите околу Тајван, кој Кина го смета за своја територија, значително се влошија по посетата на поранешната претседателка на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, на островот на почетокот на август минатата година.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.