Кинески носач на авиони се движи кон југоисточниот дел на Тајван

Сподели со своите пријатели

Кинеската поморска формација, предводена од носачот на авиони Шандонг, пловела во понеделникот 60 наутички милји југоисточно од Тајван и влегла на обука во западниот Пацифик, се вели во извештајот на тајванското Министерство за одбрана.

Loading...

Исто така, забележано е дека 11 кинески воени авиони, вклучително и ловци Ј-16, влегле во зоната за идентификација на противвоздушната одбрана на Тајван во раните утрински часови.

Во април Шандонг учествуваше на кинески воени вежби околу Тајван, кои оперираат во западниот дел на Пацификот.

Во јуни тој пловел и низ Тајванскиот теснец.

Американски и канадски воен брод во саботата пловеа низ Тајванскиот теснец, во втора ваква заедничка мисија од јуни.

Кина, која тврди дека Тајван и никогаш не ја отфрлила употребата на сила за да го стави под своја контрола, ја засили воената активност во близина на островот како одговор на, како што го нарекува, „заговор“ меѓу Тајван и САД.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.