Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во неделата дека најмалку 500 украински деца загинале во таа земја од почетокот на руската инвазија.
Тој изјави дека руското оружје и омразата продолжуваат да ги одземаат и уништуваат животите на украинските деца секој ден, пренесува Асошиејтед прес.
„Многу од нив можеа да станат познати научници, уметници, спортски шампиони, придонесувајќи за историјата на Украина“, рече Зеленски.
Тој нагласи дека е невозможно да се утврди точниот број на загинати деца поради тековните борби, како и поради фактот што некои области се под руска окупација.
„Мораме да издржиме и да победиме во оваа војна. Цела Украина, целиот наш народ, сите наши деца мора да бидат ослободени од рускиот терор“, рече украинскиот претседател.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.