УХМР најавува невреме

Сподели со своите пријатели

Од вечерните часови најпрвин во западните делови ќе започнат врнежи од дожд кои ќе се прошират во текот на ноќта и во останатите делови од земјата.

Loading...

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, под влијание на циклонска активност утре и во четврток времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд.

Локално врнежите ќе имаат пороен карактер, ќе бидат проследени со грмежи и засилување на ветерот, а ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме.

Дневвната температура, велат синоптичарите, ќе се намали.

Во петок и сабота ќе биде посончево и потопло, во попладневните часови со изолирана појава на пороен дожд и грмежи, а во недела нестабилно ќе биде на повеќе места.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денеска ветер и до 60 километри на час, температурата во опаѓање