Лавров се сретна со Гутереш во Њујорк: „ОН мора строго да се придржуваат до принципот на непристрасност“

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на средбата со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во Њујорк го повика раководството на светската организација строго да се придржува до принципот на непристрасност, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Loading...

Министерството соопшти дека во фокусот на разговорите била ситуацијата во Украина.

Лавров уште еднаш детално ги опиша причините за актуелната криза, напредокот и целите на руската специјална воена операција во Украина, чија цел е елиминирање на заканите за националната безбедност на Русија.

Шефот на руската дипломатија го критикуваше однесувањето на западните земји кои ја користат платформата на ОН за промовирање на политизирани антируски иницијативи кои, како што рече, можат само да ја продолжат тековната криза, се вели во соопштението.

Лавров посочи дека нема напредок во спроведувањето на дел од договорот за извоз на руско жито.

Лавров истакна дека украинското жито се извезува преку пристаништата на Црното Море врз основа на договорот од Истанбул, кој беше потпишан во јули минатата година, но дека договорот за извоз на руски земјоделски производи и минерални ѓубрива, кој исто така беше потпишан тогаш, не се реализира, соопшти руското министерство во понеделникот.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.