Десет лица загинаа, а 12 се ранети во експлозиите на две мини поставени од терористите на Исламската држава во близина на областа Саламија во провинцијата Хама во Сирија, јави агенцијата САНА.
Loading...
Новинар на сириската државна новинска агенција во Хама извести дека додека група луѓе барале тартуфи во селата Ал-Мистриха во источната област Саламија, експлодирала мина оставена од терористите.
Девет лица загинале тогаш, а двајца беа ранети и пренесени во локална болница.
Друга мина експлодирала источно од градот Саламија, при што едно лице загинало, а десет други се ранети, додека трагале и по тартуфи.