Турција најави дека следниот месец ќе започне масовна изградба на куќи за преживеаните чии домови беа уништени во разорните земјотреси на 6 февруари.
Loading...
– Изградбата ќе започне до март – изјави министерот за животна средина, урбанизам и климатски промени Мурат Курум, пренесе турската државна телевизија.
Тој изјави дека новите згради ќе бидат со најмногу четири ката и ќе се градат во согласност со локалната култура, традиции и обичаи.
Околу 45.000 луѓе загинаа во разорните земјотреси што на 6 февруари погодија делови од Турција и Сирија.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.