Турчин извлечен жив од урнатините со цигара во уста (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Уште еден преживеан беше извлечен од урнатините на силниот земјотрес што во понеделникот наутро ги погоди јужна Турција и северна Сирија во уништениот станбен комплекс во Адијаман, Турција.

Loading...

Освен радоста што е спасен човечки живот, човекот по име Сонер Тугтекин ги насмеа луѓето на социјалните мрежи.

 

 

На видеото што го објави турското Министерство за одбрана, може да се види како Сонер Тугтекин го извлекуваат од урнатините со цигара во устата.

На видеото се слуша како болничарот на турски вели: „Вујко, само фрли ја таа цигара и легни на грб. Ќе ти дадам кога ќе бидеме во болница“.

 

Loading...

 

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.