Украина: Одбивме жестоки напади на исток

Сподели со своите пријатели

Украинската армија во последните 24 часа ги одби руските напади кај Кремина, Шипиловка и Билохоривка во областа Луганск и Красна Хора, Бахмут, Иванивска и Парасковиевка во Доњецката област, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Loading...

Во своето ажурирање од 11 февруари, Генералштабот исто така рече дека руската војска лансирала 106 проектили, 59 воздушни напади и повеќе од 90 напади на MLRS против Украина.

Експлозии се случиле синоќа во областа Харков во Украина по најавата за воздушна опасност во повеќе делови од земјата, јавија украинските медиуми.

Во Киев доцна синоќа е активирана противвоздушна одбрана, а детонациите се случиле во областа Харков, објави информативниот портал „Клименко тајм“, а пренесе „Спутник“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Песков: Русија продолжува да се подготвува за преговори во Истанбул

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.