70-годишна жена е спасена од урнатините 122 часа по земјотресот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

122 часа по првиот разорен земјотрес, 70-годишната Менекше Табак беше спасена на југот на Турција.

Loading...

Според турските медиуми, Менекше била извлечена од под урнатините на зграда во Кахраманмараш, на југот на земјата.

Откако била извлечена, жената била пренесена во болница.

Во разорниот земјотрес што во понеделникот ги погоди јужните делови на Турција и Сирија, загинаа речиси 24.000 луѓе, а десетици илјади беа повредени.

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...