Зошто толку многу згради се урнаа во Турција?

Сподели со своите пријатели

„Ја бараме мојата внука, Рукије“, им рече уморен маж со крвави очи на локалните новинари додека ѕиркаше низ извалканите остатоци од болницата во провинцијата Хатај, јужна Турција, во средата.

Loading...

„Таа е 23-годишна медицинска сестра. Таа влегла во болницата неколку часа по првиот земјотрес за да помогне во евакуацијата на пациентите. Зградата се урна врз неа кога се случи вториот земјотрес. Спаси многумина, но не можеше сама да излезе. Знаеме дека била жива најмалку 16 часа – разговарала со сопругот на телефон додека била под урнатините. Но, спасувачите сега велат дека таа најверојатно починала“.

Илјадници луѓе, како Рукије, се верува дека сè уште се заробени во урнатините на зградите низ југоисточна Турција по разорните земјотреси во понеделникот.

Според владините податоци, двата големи земјотреси и стотиците последователни потреси уништија најмалку 6.444 згради во 10 провинции, при што до четврток попладне загинаа повеќе од 12.800 луѓе.

Трагична комбинација

Додека спасувачите ја продолжуваат потрагата по чуда, нацијата се обидува да разбере зошто оваа природна катастрофа – за која Турција наводно се подготвува повеќе од 20 години – предизвика толку голема штета на инфраструктурата на земјата.

Дали е тоа затоа што двата земјотреси, првиот со јачина од 7,8 и вториот со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала, едноставно биле премногу силни за повеќето згради да ги издржат?

Или затоа што зградите не се изградени според современите градежни стандарди? Дали имало невнимание од страна на властите?

Според професорот Окан Тујсуз, геолошки инженер од Техничкиот универзитет во Истанбул, трагичната комбинација на сите горенаведени фактори доведе до катастрофата во понеделникот.

Loading...

„Овде зборуваме за многу силни земјотреси“, рече Тујсуз. „Првиот беше приближно еднаков на енергијата ослободена во експлозијата на близу 5 милиони тони ТНТ. Вториот беше еднаков на 3,5 милиони тони. Повеќето згради тешко би можеле да поднесат толку сила“.

Синан Туркан, градежен инженер и претседател на Турската асоцијација за зајакнување на зградите (за да бидат поотпорни на земјотреси), се согласи.

„Не само што земјотресите беа исклучително моќни, туку се случија за кратко време“, објасни тој.

„Многу згради беа малку или умерено оштетени во првиот земјотрес, но се урнаа по вториот.

Со оглед на фактот дека потреси од оваа јачина на земјата за кратко време би претставувале ризик за секоја зграда, експертите истакнаа дека трагедија од оваа јачина во никој случај не е неизбежна.

„Според официјалните проценки, во понеделникот се урнаа од 6.000 до 7.000 згради. Колку и да е силен, ниту еден земјотрес не би можел да предизвика толкава штета доколку зградите се градат според стандардот“, вели Турккан.

Во средата, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги бранеше подготовките и одговорот на неговата влада на земјотресите за време на посетата на зоната на катастрофата, велејќи дека „невозможно е некој да се подготви за катастрофа од оваа големина“.

Тој потоа рече дека државата ќе ги обнови сите урнати згради во сите 10 провинции погодени од земјотресот во рок од една година.

Loading...

„Исто како што направивме во Малатија, Елазиг, Бингол, Ван [и ќе обновиме овде]. Тоа е работа во која сме добри. Нашата влада многупати во минатото ја докажа својата способност [да обновува]. Истото ќе го постигнеме и во Хатај, во Марас како и во осумте други погодени провинции“.

Повеќето од зградите што се урнаа во понеделникот беа изградени пред 1999 година, кога земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот Мармара на запад, при што загинаа 17.500 луѓе.

Оттогаш, владата значително го подобри кодексот за сеизмички дизајн на Турција и во 2008 година започна амбициозен проект за урбана трансформација за да ја подготви Турција за следниот голем земјотрес.

Примена на кодексот

Во ноември 2022 година, откако земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтер оштети повеќе од 2.000 згради во Дузче, северна Турција, министерот за животна средина и урбанизација Мурат Курум истакна дека властите работат на тоа секоја зграда во земјата да биде „отпорна од земјотреси до 2035 година“.

„Веќе изградивме 3,2 милиони станбени единици“, напиша Курум на социјалните мрежи.

„Во моментов, 250.000 станбени единици во 81 провинција и 992 области се приспособуваат [за да се усогласат со сегашните регулативи]. Приспособени се 6,6 милиони домови и деловни објекти. Во моментов 24 милиони граѓани живеат во домови безбедни од земјотреси“.

Овие амбициозни напори, сепак, не беа во можност да ја спречат катастрофата.

„На хартија, кодексот за сеизмички дизајн на Турција е во согласност со светските стандарди, всушност е подобар од повеќето“, рече Туркан. Меѓутоа, во пракса, ситуацијата е многу поинаква“.

Loading...

Владата понуди финансиски стимулации, но не го направи задолжително учеството во нејзиниот проект за урбана трансформација.

Ова во пракса значеше дека само луѓето кои беа во позиција да профитираат од обновата, луѓето кои поседуваа вредни парцели погодни за понатамошна градба, се согласија да ги урнат старите објекти и повторно да градат според најновиот кодекс.

Многумина не сакаа да трошат пари на обнова или на засилувања кои не изгледаа итни.

Затоа, велат експертите, повеќе од 20 години по земјотресот на Мармара, Турција е полна со згради изградени со лоши материјали и изградени со одамна застарени градежни техники, кои пропаѓаат кога ќе се соочат со силни потреси.

„Длабоко ме растажува како инженер“, рече Туркан.

„Да успеевме да ги вклучиме сите во проектот, ќе можевме или да ги зајакнеме или да ги обновиме сите дефицитарни згради во изминатите 20 години. Можевме да спасиме најмалку 5.000 згради што ги загубивме во понеделникот од целосно уништување. Можевме да спасиме многу, многу животи“.

Loading...

Експертите веруваат дека владата и локалните власти можеле да преземат дополнителни мерки на претпазливост за да се осигураат дека сите згради се безбедни и дека прописите поврзани со дизајнот на згради отпорни на земјотреси се спроведуваат во сите контексти.

„Со години одржувавме конференции, пишувавме извештаи и ги испраќавме до локалните власти. Им кажавме дека големи земјотреси неизбежно повторно ќе ги погодат градовите како Хатај и Газиантеп“, рече Тујсуз.

„Им објаснивме дека колку и да е силна, ниту една зграда изградена директно на расед не може да преживее земјотрес – таа ќе биде уништена. Рековме дека треба да направиме прецизни карти на раседите за целата држава и подрачјата директно на активните раседни линии да се трансформираат во зелени зони каде што е забранета градба. Никој не не слушаше“.

Дури и новите згради беа лоши

Имаше недостатоци во обезбедувањето на почитување на правилата во новата градба.

„Некои релативно нови згради, исто така, се урнаа во овој земјотрес, што веројатно значи дека градежните компании тргнале по кратенки, се обиделе да ги намалат трошоците користејќи лоши материјали, а властите не го направиле својот дел правилно пред да одобрат градежни проекти“, рече тој.

Loading...

Неколку училишта, административни згради, болници, па дури и седиштето на турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) во Хатај исто така се урнаа во понеделникот.

„Според владините прописи, јавните згради треба да бидат многу поцврсти од приватните“, објасни Туркан.

„Кога градиш болница, пошта или која било друга јавна зграда, ти е наложено да користиш повеќе бетон, повеќе железо, за да добиеш подетални студии на локацијата. Ова е за да се осигура дека овие згради ќе преживеат каков било земјотрес или друга природна катастрофа и можат да продолжат да им служат на луѓето во време на криза“.

Тујсуз се согласи.

„Целосно е неприфатливо јавна зграда, електрана или аеродром да се урне во земјотрес“, рече тој.

Loading...

„Постојат многу строги прописи кои го спречуваат тоа. Сцените на кои денес сме сведоци на југоисток се доказ за недостатоците на државата во спроведувањето на сопствените правила дури и во зградите над кои има целосна контрола“.

Значи, што треба да се направи?

Во Турција има околу 20 милиони згради. Според опсерваторијата Кандила и Институтот за истражување на земјотреси на Универзитетот Богазичи, Истанбул, за кои експертите веруваат дека порано или подоцна ќе биде погоден од силен земјотрес, има 1,2 милиони.

Нивните експерти сметаат дека значителен процент од овие градби не се во состојба да издржат земјотреси со голема јачина.

Зајакнувањето или доградувањето на сите ризични згради во сите области подложни на земјотреси би било технички и логистички тешко и скапо. Сепак, тоа е задача која не може да се избегне или одложи.

„Владата треба да биде посилна во охрабрувањето на луѓето да ги проверуваат своите згради, да ги зајакнат и, доколку е потребно, да ги обноват“, рече Туркан.

„Луѓето разбирливо не волонтираат да платат, но ова е прашање на живот и смрт и треба да се третира како такво.“

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.